Три години затвор за Британката , која учествувала на ,,Мис Хитлер”

0
1010

Алис Катер, 24-годишна поранешна натпреварувачка  на натпреварот  ,,Мис Хитлер”, е осудена на три години затвор за припадност на забранетата ултрадесничарска група Национална акција (НА) во Велика Британија.

Нејзиниот поранешен партнер, 25-годишниот Марк Џонс, е осуден на пет и пол години затвор за припадност на терористичка организација.

Двојката во Јоркшир е осудена заедно со уште двајца неонацисти, 24-годишниот Гари Џек и 19-годишната Конор Скотерн. Џек е осуден на четири и пол години затвор, додека Скотер е осудена на една и пол година затвор.

Под прекарот Бухенвалд принцеза (алузија на злогласниот концентрационен логор), Алис барала млади девојки кои би сакале да станат дел од организацијата. Под истото име, таа влегла на натпреварот Мис Хитлер, избор на најубава нацистка на социјалните мрежи.

На судењето во март, таа негирала дека некогаш била член на НА, иако присуствувала на митинзи со транспаренти на кои пишувало „Хитлер беше во право“, пренесува Си-Ен-Ен.

Џонс бил лидер и стратег, кој одиграл значајна и активна улога, соопшти судот. Џек присуствувал скоро на секоја групна средба, додека Скотерн требало да стане иден лидер.

Екстремната ултрадесничарска група била забранета во декември 2016 година како расистичка, антисемитска и хомофобична.