АЈДЕ ЖЕНИ БАТАЛЕТЕ ИНСТАГРАМ И ДРЕМЕЊЕ НА КАФИЊА: Финансиска поддршка за женското претприемништво – крајниот рок за аплицирање е 31. мај

0
1218

Во делот на поддршка на компаниите министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше дека е завршен јавниот повик за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија.

„Од оваа мерка, оваа година субвенционирани се вкупно 55 претпријатија во вкупен износ од 14 милиони денари“, истакна Бектеши и ги повика сите жени да аплицираат на јавниот повик за финансиска поддршка за женско претприемништво кој трае до крајот на месец мај, за што се обезбедени 1.5 милиони денари.

„Во делот на мерките за индустриска политика, сакам да ги повикам сите преработувачки капацитети да аплицираат на јавниот повик наменет за преработувачката индустрија. Крајниот рок за аплицирање за оваа мерка е 31-ви јули, а предвидени се 4.5 милиони евра за поддршка на претпријатијата за развој на деловниот субјект, развој на производ и развој на пазар“, констатираше Бектеши и ги повика сите компании да ја искористат поддршката што ја дава Владата за справување со оваа корона криза и да аплицираат за мерките за поддршка на економијата.