НАРОДНАТА БАНКА ГАРАНТИРА ДЕКА КУРСОТ НА ДЕНАРОТ ЌЕ БИДЕ СТАБИЛЕН, БЕСИМИ: И ПОКРАЈ ПОВИСОКАТА ИНФЛАЦИЈА, ЌЕ ЈА ШТИТИМЕ ВРЕДНОСТА НА ДЕНАРОТ

0
542

“Денарот е стабилен, а така и ќе остане бидејќи стабилноста на валутата е во основата на нашиот економски модел” – јасно порача министерот за финансии Фатмир Бесими.

Тој смета дека и покрај повисоката инфлација, вредноста на денарот ќе остане стабилна а курсот го гарантира Народната банка со девизните резерви и со инструментите со кои што располага.

“Девизниот курс на денарот е во исклучива ингеренција на НБРСМ, но како министер за финансии и како економист и теоретски познавач на оваа област, на граѓаните им соопштувам да сме многу внимателни во однос на коментарите и шпекулациите за девизниот курс” – рече министерот Бесими.

“Имаме фиксен девизен курс, има доволно девизни резерви во Народната банка и во досегашниот период сме дале доволно факти дека по секоја цена ќе се заштити девизниот курс на денарот. Тоа е основата на нашиот економски модел, на нашиот монетарен систем и тука нема компромис. Значи, да нема никакви дилеми за стабилноста на денарот” – рече министерот Бесими.