АСТРОНАУТКИ НА НАСА ИЗГУБИЛЕ ТОРБА СО АЛАТ ВО ВСЕЛЕНАТА, МОЖЕ ДА СЕ ВИДИ И СО ДВОГЛЕД

0
520

Астронаутките на НАСА, Јасмин Могбели и Лорал О’Хара изгубиле торба со алат додека ја поправале Меѓународната вселенска станица (ISS) во вселената на 1 ноември, пренесе „Гардијан“.

Торбата може да се види во вселената дури и со двоглед. „За време на поправката е изгубена една торба со алат. Торбата е забележана со помош на надворешни камери, но бидејќи е оценето дека не претставува ризик за станицата, најверојатно ќе остане „плута“ во вселената и заедно со станицата ќе ротира околу Земјата“, изјавија од НАСА.