АРТАН ГРУБИ : ВМРО-ДПМНЕ Е ДЕЛ ОД РУСКО-УНГАРСКИ ЗАГОВОР ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА!

0
666

Артан Груби и Владата го компромитираат целиот процес со надзорот на изградбата на коридорите 8 и 10д. „ИРД инженеринг“, која треба да го врши надзорот, преговарала и со изведувачот и го составила договорот, кој Владата го потпиша, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Конзорциумот воден од ИРД е во состав на фирми со сомнителна позадина. Фирмата ЕПТИСА, која е дел од него, е фирма што веќе имала забрана од страна на Владата за учество на големи проекти од над 1 милион евра за потоа магично да се смени и Министерството за транспорт да ѝ даде лиценца за надзор.

„Електра солушн“, исто така дел од конзорциумот, е фирма на синот на Сотир Ампов, кој преку Институтот за патишта – Велес беше дел од конзорциумот ИГХ, кој првично го добил тендерот, а е поништен поради сомнежи за руско потекло на нивниот капитал. Сега фирмата на синот на Ампов, кој бил вмешан во руска шема, е дел од новиот конзорциум за надзор.

„Евроконсалтинг“, фирма на Бранимир Димитриевиќ, кој во Ерменија е гонет за коруптивни скандали, исто така е дел од конзорциумот на ИРД. Сомнежите за нерегуларности го следат целиот процес, од почетокот, па сè до промената на условите за учество на јавниот повик, кои кога се гледаат објективно, индицираат дека одат во корист на конзорциумот на ИРД. ЈО не смее да остане немо на сомнежот за корупција и мора да отвори случај“, порачаа од опозициската партија.

Предлогот за изградбата на Коридорите 8 и 10Д од страна на ВМРО-ДПМНЕ во основа е коруптивен, а корупција не е само злоупотреба на јавни пари, корупција е соработка и со руски елементи, корупција е и рушење на кредибилитет на институции, корупција е и ширење на лажни вести, корупција е и пропаганда цело дневна на медиумите за да се затскријат нивните вистински мотиви а тоа е соработка со сили којшто не и сакаат добро на Република Северна Македонија и интеграција во Европската Унија туку со Руско – Унгарска коалиција против интересите на граѓаните и против интересите на земјата.

Ова е апсолутно неприфатливо и граѓаните мора да го видат тоа и да го установат затоа што во основа на крај на краиштата самиот суд утврди дека е криминално зружение по однос на коруптивни дејствија, изјави вицепремиерот Артан Груби на пресконференцијата за изградбата на Коридорите 8 и 10д.