СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ОД НЕВРЕМЕТО: Официјално 16, неофицијално 20 загинати!

0
1267

Се зголемува бројот на жртвите од невремето во скопскиот регион.

Началникот на одделението за односи со јавност при Министерството за внатрешни работи, Наталија Спирова Кодриќ соопшти дека според последните податоци, до 11.15 часот бројот на жртви од невремето се зголемил на 16, 13 од нив се идентификувани и предадени на семејствата, додека за тројца е во тек идентификација.

Во болниците се примени 22 повредени лица додека засега шест лица се водат за исчезнати. Но, од МВР стравуваат дека бројот на жртвите ќе се зголемува. Неофицијално бројот на жртвите е 20, бидејќи пријавено е дека има уште четири настрадани лица, но се уште нема официјална потврда за тоа.