АРСОВСКА ДОБИ ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА ОД ВЛАДАТА ЗА ,,КАЧАНИЧКИ ПАТ”

0
529

Владата ќе му додели на Град Скопје три милиони евра за изградба на булеварот „Хасан Приштина“ објави денеска на својот фејсбук профил вицепремиерот, Артан Груби.

„Владата наменски веќе додели три милиони евра, од вкупната вредност од шест милиони евра, на градот Скопје за изградба на булеварот „Хасан Приштина“ или како што е oпшто познат „Качанички пат” во Визбегово, до скопската обиколница. Во разговор и соработка со градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, која е надлежна за реализиција на проектот, ги започнавме последните административни подготовки во Владата и Министерството за транспорт и врски за да започне и заврши оваа важна сообраќајна артерија за градот“, напиша Груби.