АРСОВСКА ГО РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРОТ НА „ВОДОВОД“ ИЛИЕВСКИ ДОДЕКА ТОЈ Е НА БОЛЕДУВАЊЕ, НОВ В. Д. Е ПАНЧЕВСКИ, ВРАБОТЕН ВО „ПАРКОВИ“

0
439

Арсовска го разреши Илиевски додека тој е на боледување. Илиевски отворил боледување на 25 јануари, а овластување да го застапува му дал на вработениот Ѓорѓи Бошковски, внук на поранешниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров.Арсовска пред само три месеци му даде менаџерски договор на Илиевски, но сега го разрешува од функцијата.

Панчевски е четврти директор на „Водовод“ во мандатот на Арсовска. По доаѓањето на функција го назначи Златко Перински, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, но го разреши по кавгата со Христијан Мицкоски. На негово место го стави Марјан Митовски, по неколку месеци го смени и него и го назначи за директор Илиевски, кој претходно беше в. д. во Зоолошката градина.