НОВИ СЕНЗОРНИ СОБИ ВО ГРАДИНКИТЕ “МАЈСКИ ЦВЕТ,, И “ОРЦЕ НИКОЛОВ,,

0
287

 
Во рамки на проектот за зајакнување на општинските совети на УНДП, во партнерство со Швајцарска влада и Министерство за локална самоуправа, денеска на две локации се отворија сензорни соби во општина Карпош. Имено, во градинките ,,Мајски цвет” во урбана заедница Владо Тасевски и ,,Орце Николов” во Карпош 3, денеска официјално беа пуштени во употреба новите сензорни соби за деца со  попреченост. Вкупната финансиска конструкција за опремување на сензорните простории во предучилишните установи, изнесува 2.935.480 денари, а од општинскиот буџет издоени се околу 616.450 денари.

По тој повод, на отворањето присуствуваше градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој ја даде својата изјава за медиумите.

-Денеска пуштаме во употреба две сензорни соби кои се плод на заедничката соработка помеѓу УНДП, каде локалната заедница од повеѓе проекти со гласање одлучи да се направат сензорни соби за нашите најмлади жители. Во сензорните соби има најсовремени квалитетни реквизити и овие соби ќе се користат за деца кои имаат потреба за концентрација- додаде Јакимовски.

Инаку, овој проект беше избран од страна на граѓаните, кои на четирите форумски сесии, во рамки на проектниот Форум во заедницата., кои се одржаа во ООУ ,,Лазо Трповски”, од понудените пет, проектот за сензорни соби доби најмногу гласови.

Целта на овие простории е да се изолира детето од секојдневните активности, односно да се обиде да се сконцентрира и полесно да го поминува времето во дневниот престој. Општина Карпош располага со неколку вакви простории во основните училишта, но ова се први две во горе споменатите градинки.

Одделение за односи со јавноста

ОПШТИНА КАРПОШ