ГЕН СЕК ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ НА ФЕЈСБУК ОБЈАВИ ДЕЛ ОД ПРИОРИТЕТИ ЗА НАРОД КОИ ДО СЕГА ГИ РЕШИЛА ВЛАДАТА НА СДСМ : ПОВИСОКИ ПЛАТИ, ПЕНЗИИ, СРЕДНО, ОСНОВНО, НИСКО И ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ!

0
857

СДСМ за граѓаните❗️

Над 320.000 пензионери добиваат повисока пензија за 700 денари веќе од јануари.

Платите во основното, средното и високото образование, од јануари се зголемуваат за 10 отсто.

 Нов Предлог – Закон за отпис на камати на долгови и репрограмирање на долгови, со кој се бришат каматите на предмети дадени на извршување од страна на јавните и државните претпријатија.

‍♀️ Усвоени измените на Законот за внатрешни работи, повисоки пензии на сите пензионирани полицајци кои правото на пензија го стекнале во периодот од 01.01.1994 година до 20.03.2010 година.

Нови 13,3 милиони евра ставени на располагање за земјоделците преку ИПАРД 2 Програмата.

Го намалуваме процентот од годишниот приход што телевизиите го уплаќаат кон Агенцијата за филм од 0,9 на 0,1 отсто.

На прав пат сме❗️

Фејсбук статус на ген. секретарот на СДСМ Љупчо Николовски