„А, кога сме кај „пи-арот“ на ФФМ, сакаа да ги сменат дресовите пред Еуро 2020 и тоа не им успеа, па се вадеа дека компанијата им била крива, а боите на Македонија се заведени во Обединети нации под број и се црвена и жолта. Македонија е уникат зашто уште игра во дресови од 2012 година.
Овие дресови се супер, прекрасен дизајн, ама Македонија е единствена во светот што десет години игра во ист дизајн, не сменила дрес откако не успеаја да ѝ ги сменат боите, а сите други менуваат пред квалификации, пред големи натпреварувања“,
Екс селекторот на ФФМ, Игор Ангеловски во интервју за 24фудбал.