(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ НУДИ ИСТРОШЕНИ КАДРИ НА ГРУЕВСКИ, СТЕФАН ВАСЕВ: ОД СТРАВ МИЦКОСКИ КОАЛИЦИРА СО СЕЛА И ГАШИ НО НИШТО НЕМА ДА ГО СПАСИ ОД ПОРАЗ

0
208
SDSM

Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ

Почитувани,

Понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за овие локални избори е понуда на стари, препознаени кадри блиски до Никола Груевски.

Ништо ново нема во ВМРО-ДПМНЕ исти, истрошени кадри кои во времето на режимот биле носители на државни функции, денес Мицкоски ги претставува како нови лица и на тој начин ги потценува граѓаните.

Со таква понуда, со таков однос Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да очекуваат сигурен пораз на локалните избори.

Тоа му е јасно и на самиот Мицкоски, затоа денес соочен со стравот од поразот, коалицира со истите оние кои ги нарекуваше предавници, оние кои според ВМРО-ДПМНЕ не го признаваат македонскиот идентитет.

Од немај каде Мицкоски денес коалицира со Зијадин Села, човекот кој велеше дека Македонците се варвари и канибали, со Села кого сопартијците на Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ на 27 април го нападнаа во Собранието и му нанесоа тешки телесни повреди.

Тие луѓе кои се обидоа да убијат пратеници меѓу кои и Села, Мицкоски до ден денес ги нарекува уставобранители и чесни луѓе.

Коалицијата Мицкоски, Села, Гаши е принудна и вештачка и како таква, осудена е на пропаст и нов пораз на изборите.

Граѓаните многу добро знаат како овие тројца политичари функционираа во изминативе години и затоа одново ќе ги казнат и ќе им испорачаат нов изборен пораз.

Граѓаните, масовно ќе застанат зад концептот на СДСМ и коалицијата кој обезбедува напредок и развој на државата и општините.