АРСОВСКА : НЕМА РЕЗУЛТАТИ НЕ ЗАТОА ШТО НЕ МЕ БИВА ТУКУ ЗАТОА ШТО ДИРЕКТОРИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ НИШТО НЕ СРАБОТИЈА

0
972

За очекувањата од директорите на јавните претпријатија Арсовска рече:

Пред се како што напоменав требаше да се испорачаат резултати, а тоа се движи многу споро. Ние тие проекти мора да ги движиме затоа што имам одговорност пред граѓаните и доколку било кој го опструира тоа или работи за туѓи интереси тогаш тоа не смее да се дозволи. Затоа тие функции не се дадени од сега засекогаш, тие се вршители на должност за да докажат и покажат што знаат и можат. Во текот на целиот мој мандат секој оној кој нема да испорача резултати и ќе го успорува процесот на реализација на ветеното сметам дека треба да понесе одговорност.

Секој носител на јавна функција сам е одговорен за тоа што треба да го сработи. Кој и да е на било која функција каде што јас ги назначувам како градоначалник сметам дека доколку не го спроведуваат она што треба како што треба ќе си понесат одговорност, вели градоначалничката.