АМБАСАДА НА САД : СО НЕТРПЕНИЕ ОЧЕКУВАМЕ ДА ГИ РАЗГЛЕДАМЕ ИЗМЕНИТЕ НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК

0
562

Aмериканската амбасада во Скопје допрва ќе ги разгледува измените на Кривичниот законик кои предвидуваат намалување на казните за злоупотреба на службената положба и за злосторничко здружување, а кои вчера по скратена постапка, беа усвоени во парламентот.

„Не ги видовме измените на Кривичниот законик неодамна воведени во парламентот. Со нетрпение очекуваме да ги разгледаме и се надеваме дека се усогласени со меѓународните стандарди и правните процеси“, велат од Амбасадата на САД за ТВ 24.

Делегацијата на Европската Унија, вчера порача дека сè уште не може да коментира за употребата на знамето на ЕУ во овој конкретен случај.