ГРУЕВСКИ ЗА ИЗМЕНИТЕ НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК : ВО МОЈОТ СЛУЧАЈ НА ПРОГОН ИСТИТЕ ИМААТ МИНОРНО УЧЕСТВО

0
564

Откако вчера беа изгласани измените на Кривичниот законик, денеска на социјалната мрежа Фејсбук се огласи екс премиерот Никола Груевски чие име се споменува во контекст дека тој ќе биде спасен од повеќето казни.„Вакви измени во Законот се говорат во јавноста одамна, околу четири-пет години и од она што можам да забележам од медиумите има многу заинтересирани страни од различни политички провиниенции за истите да се изгласаат“, пишува Груевски.

Тој додава:
„Во мојот случај на прогон истите имаат минорно учество. Јас и повеќе мои соработници сме под прогон за несторени работи, на тој прогон заднината е страв од конкуренција и желба за политичка елиминација и тоа се нарекува политички прогон. Тој прогон трае и до ден-денес, а сè уште трае и расте стравот на многумина од неговото запирање или неуспех. И имаат причина за страв!“, напиша Груевски на ФБ.