Владата предлага продолжување на вонредната состојба за 30 дена

0
834

Владата на денешната седница донесе заклучок да достави предлог до претседателот Стево Пендаровски за продолжување на вонредната состојба за уште 30 дена.

Во соопштението од владината прес- служба се наведува дека аргументите за ваквиот предлог ќе бидат содржани во извештај за досега преземените активности од државните институции.

За во 13.30 часот е закажана седница на националниот Совет за безбедост на кој треба да се разговара токму за вонредната состојба.

Како што веќе објави „Фокус“, најверојатно и по трет пат ќе биде прогласена вонредна состојба, но се размислува таа да трае помалку од 30 дена.