АЛИ АХМЕТИ : ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ТРЕБА УБАВО ДА РАЗМИСЛИ, ИМА ОДГОВОРНОСТ, УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ОТВОРААТ ПАТ НАПРЕД ЗА ДРЖАВАТА

0
654

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во ексклузивно интервју за ТВ21 од неговиот дом во Зајас, порача дека лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски треба убаво да размисли.Според Ахмети, Мицкоски има одговорност затоа што Уставните измени отвораат пат напред за државата.

„Христијан Мицкоски треба да размисли убаво, тој има голема одговорност како лидер на опозиција, треба да разбере дека уставните измени отвараат пат напред за државата, отвараат пат за развој на државата.

Просто е тоа, земете го извештајот на Ирска и видете колку Полјаци се вратени во Полска после зачленувањето на земјата во ЕУ, кај нас бегаат младите, ако Мицкоски, Ковачевски, Ахмети, Тачи, Таравари сакаат да останат сами во Македонија и да гласаат меѓу себе, тогаш нема да гласаат за уставните, и луѓето ќе ни избегат од државата“, порача Ахмети.

Извор: ТВ21