(ВИДЕО) ВМРОВЦИТЕ СЕ КАКО ИНДИЈАНЦИ И ТАЛЕНТИ ЗА ПРАВЕЊЕ ХАОС ВО ДРЖАВАТА : Цел месец блокиран буџетот на општина Гази Баба поради бојкот на ВМРОВЦИТЕ!

0
1286

ВМРО – ДПМНЕ не можат да се помират со забрзаниот напредок на општината во последните 2 години, затоа што повеќето проекти кои што ги ветивме, се започнати, а дел се во завршна фаза.

Не можат да прејдат ниту преку нивното 22 годишно владеење во општината и дека не успејаа да го спороведат ветеното и да ги реализираат капиталните проекти, за што ние најдовме и начин и можност како да ги спроведеме и да ги реализираме.

Токму затоа општина Гази Баба 4 недели се соочува со бојкот од советниците на ВМРО-ДПМНЕ за донесување на ребалансот на буџетот. Иако немаа ниту една забелешка, ниту на координацијата ниту на расправата, сепак се одлучија за стопирање на суштинските точки кои ќе значат дополнителен развој за општината, а со тоа и подобри услови за живот на граѓаните.

Според нив, буџетот не бил развоен и се крателе средства од него, се префрлале за непродуктивни трошоци на општината.

Во сето ова има само една вистина и сите овие обвинувања се празни бидејќи имаат само една цел, да се закочи работата на општината.

На 17. 07 побарав и координација со советничките групи и коалициите, да седнеме на една маса и да поразговараме и што е уште по важно, да најдеме заедничко решение. Сепак, од советниците на ВМРО – ДПМНЕ до денеска се уште немам никаков одговор. Ова уште еднаш ми ги потврди моите сомнежи дека тие не работат за доброто на жителите на општина Гази Баба, туку само за партиски интереси.

Со цел, граѓаните да се уверат во моите зборови, ќе имаат можност лично да присуствуваат на наредната седница и сами да видат што се случува.

Почитувани,

ВМРО – ДПМНЕ не е прв пат да ја стопира работата на општината. Тие го блокираа бараниот кредит од Светска банка за изградбата на вакуум канализацијата во Јурумлери, која е единствена во Македонија. Со овој проект жителите на Јурумлери и околните населени места за прв пат добиваат фекалната одводна канализација. Септичките јами конечно стануваат минато и добиваат нормални услови за живеење.

Советниците на ВМРО – ДПМНЕ го блокираа и проектот за проширувањето на булеварот АСНОМ. Блокираа и влегување на две големи инвестиции кои ќе значеа дополнителен развој, но и приход во општината и ќе овозможеа реализација на плус проекти.

Нивните блокади не водат кон ниту една друга насока, освен закочување на проектите за потребите и интересите на граѓаните.

Веќе е очигледна нивната цел и сите обвинувања се лага. Сакаат само да се пролонгира носењето на буџетот, за да помине градежната сезона, а со тоа сите започнати и идни проекти да останат не реализирани, а тие само да добијат ситни поени кај граѓаните.

Со ваквите постапки ќе нанесат и дополнителни материјална штета во плаќање во доспеаните фактури кон доверителите за јавно осветлување каде парични средства се обезбедени на сметка, а ние немаме основ за исплата.

За мене е легитимно секој советник да има забелешки, но за истите да имаат и образложение или свој предлог за решение, а не само да се симнуваат точки од дневен ред, без образложение.

Затоа, почитувани граѓани,

Како градоначалник сите заинтересирани граѓани ги поканувам на следната седница на Совет да присуствувате за да слушнете и видите за се што досега зборував, па потоа и сами да заклучите кој ја блокира работата на општина Гази Баба, а со тоа и реализацијата на проектите кои се од суштинско значење за вашите населени места.

Дали СДСМ и коалицијата кој постојано вложува напор за одблокирување на ребалансот на буџетот и за реализација на сите проекти или ВМРО – ДПМНЕ што упорно сака Гази Баба да тапка во место како во нивно време!

Граѓаните мора да знаат дека пари имаме обезбедено во буџетот, добро ја менаџираме општината, обезбедивме и дополнителни средства кои треба добро да се распоредат.

Јас нема да се откажам од она што ми е работа како градоначалник, односно исполнување на вашите барања и овозможување на соодветни услови за живеење како што заслужувате, нема да потклекнам на сопките со кои се соочувам од самиот старт, туку напротив, ќе ми бидат мотив за да ја направам општина Гази Баба прекрасно место за живеење, во секој дел.