ОМ: Законот треба да важи подеднакво за сите

0
1335

ОМ со голема резервираност гледа на професионалноста и самостојноста на судиите вклучени во случајот “Титаник”.

„Игнорирањето на барањето на СЈО да се изрече мерката притвор за лица осомничени за Злосторничко здружување, зборува дека се нема доволен капацитет да застане на патот на криминалната власт.

Без оглед дали се работи за страв или одработување за подарени судијски и функционерски столчиња, согласно тефтерчето на прво осомничената Гордана Јанкуловска, упатува на евентуална и можна директна поврзаност со Злосторничката група.

Но, како и да е, процесот веќе се отвори, тече и ќе се чека на финалето, на пресудата.

Но, многу болна е компарацијата на овие обвинети, со оние од претходните процеси при истиот суд.

Предлагаме укинување и на притворот за лицата кои сега се во затвор, за дела кои се под нивото за Злосторничкото здружување.

Законот треба да важи подеднакво за сите.

Не смее да се привилегираат поединци и групи, кои 24/7 работат на штета на сите граѓани и деструктивно делуваат на целокупниот систем и државата.

Мора правдата да биде приоритетот за секој од нас, а многу повеќе за судиите, за да луксузот на одредени функционери биде скратен, за да добијат соодветно место во системот, а тоа се поправните и казнени установи“, стои во соопштението на ОМ.