(ВИДЕО)Ај да видеме дали „патриотите“ од ДПМНЕ ќе имаат муда да ја срушат оваа дивоградба: И покрај немањето на дозвола со овации отворен споменикот „Двоглав орел“

0
1232

Со аплаузи и овации, граѓаните го поздравија свеченото спуштање на црвената завеса  и откривањето на споменикот двоглав орел во Топанско поле. Многу говори, музика и ора на сцената поставена пред кружниот тек. Се обрати и лидерот на ДУИ Али Ахмети кои порача дека Албанците треба да бидат горди на поставувањето на овој споменик, во чест на одбележувањето на 15 годишнината од почетокот на воениот конфликт во Танушевци во 2001-та година. Има ли подобар начин да се одбележи овој ден – изјави Ахмети, пренесе Телма.

Издигнувањето на споменикот предизвика реакции во јавноста, откако град Скопје се огласи велејќи дека тој е непрописно поставен, без дозвола и како што рекоа без претходна информација. Вчера пак, градоначалникот Меџити изјави дека претходно остварил средба со Трајановски каде предмет на разговор биле процедурите околку поставувањето на споменикот. Денеска скопскиот градоначалник не откри за што разговарале.

Споменикот е поставен законски, вели за ТЕЛМА Меџити. Тој се повика на одлуката од Советот на општина чаир од 2012-та година, каде е донесено решение за изградба на споменици, но и поединечни одлуки за секоја од нив. Меѓутоа, Меџити не откри кога точно се донесени тие одлуки, со оглед на тоа дека дел од сеоветниците во Советот кои го консултиравме рекоа дека не се одржала таква седница каде е гласано за поставување конкретно на овој споменик.

Општината своите тврдења дека споменикот не е дивоградба треба ги поткрепи со документи до Државниот градежен инспекторат, а рокот истекува утре. Оваа институција со своите инспектори излезе на терен во петокот по претходно барање од град Скопје.Доколку општина Чаир не одговори на барањата на Инспекторатот, ќе побараат заеднички надзор со Управен инспекторат, а може да следат прекршочни пријави.