ЌУМУР ЦРНИ ДЕНОВИ ДОЈДОА ЗА ВМРОВСКИТЕ ПУТИНИСТИ, БАЧЕВ И ЌОСИЊАТА : Чешка во понеделник ќе предложи Македонија да го потпише протоколот за НАТО

0
1740

Чешката влада во понеделник ќе предложи Република Северна Македонија да го потпише пристапниот протокол за НАТО, објави чешкиот министер за надворешни работи Томаш Петричек.

Веста тој ја соопшти на Твитер, веднаш откако грчкиот парламент го ратификуваше Преспанскиот договор.

„Одлична вест од Атина! По македонскиот парламент, денеска и грчкиот го ратификуваше историскиот Преспански договор за решавање на споровите и за стратешко партнерство помеѓу двете земји. Ова на Северна Македонија ќе ѝ овозможи членство во НАТО. Чешката Влада во понеделник ќе предложи потпишување на пристапниот протокол“, напиша Петричек.

Photo: EPA/MARTIN DIVISEK