Шилегов: Исполнети се условите за преговори за избори наесен

0
793

Со повлекувањата на аболициите и со одложувањето на изборите се исполнети минимални услови за организирање на фер и демократски избори, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, денеска во Собранието на Република Македонија, пренесува „Мета“.

– Сметаме дека веќе треба да се почне со преговори и со договарање на условите за да може наесен да се организираат фер и демократски избори. Ако почнеме денеска и ако имаме минимум политичка волја, нема зошто до октомври да не се создадат услови за веродостојни избори – рече Шилегов.

Пратеникот на ДУИ, Рафиз Алити, смета дека за фер избори најпрво треба да се подготви политичкиот амбиент во државата.

– Мислам дека лидерски средби треба да се одржуваат затоа што се во интерес на граѓаните, а за фер избори најпрво мора да се создаде политички амбиент – рече Алити