Бате Саше ве следи : Јанкуловска признава дека УБК може да лоцира мобилни телефони, потребен е само телефонскиот број!

0
1077

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Иво Котевски

Jankulovska

ГЈ: Да. Ало?
ИК: Ееј, ги гледам нашиве на Канал 5, алфите како ги снимале. Мислам, Канал 5 како ги снимале алфите. Ексклузивно видео од апсењето на Љубе.
ГЈ: Не сум гледала.
ИК: Јако е. Него, сакав да прашам нешто сеа. Мене ме замоли Васе, овој Доневски, нејќе да досаѓа, а не е ништо посебно. Него, не знам, нашиве проверуваат ли она да лоцираат телефони, имаат таква можност? Имаат ваљда.
ГЈ: Техничка мислиш, или што е работата?
ИК: Па ваљда преку Мобимак. А бе, не му се досаѓа на него, пошто за телефонот од ќерка му…
ГЈ: Што е работата Иво, кажи ми пократко.
ИК: Му украле на ќерка му ајфон, па затоа…
ГЈ: Нека пријави, ќе го лоцираме.
ИК: Не, он пријавил, него ми пушташе и број дал може да го лоцираме.
ГЈ: Може да го лоцираме, ќе го лоцираме.
ИК: На кого да му го препратам?
ГЈ: Ако е уклучен. На Горан јави му се од УБК.
ИК: Готово. Ајде, чао.
ГЈ: Ајде, ајде, чао.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Љупчо Тодоровски Радникот

ГЈ: Да.
ЉТ: Ало.
ГЈ: Еј. Кажи.
ЉТ: Само да виe…вие ќутете си, ја ќе ви кажувам.
ГЈ: Хахаха, кажи.
ЉТ: Во врска со ова вчера шо зборевме за овие што се надвор, а одат по болници, се договоривме со Горанче и со Апостол да ги надгледуваат и оној момент кога ќе искочат, да направат службена белешка и да го информираме судот дека они го напуштаат домот и да дадат наредба да ги приберат.
ГЈ: Добро, супер.
ЉТ: Меѓутоа, тоа е едната. А, другото е, на овој новиот адвокат којшто сега ги брани по…
ГЈ: По службена должност.
ЉТ: По службена должност, му праат притисоци одредени структури, како адвокати, така и овие политичариве од каршија.
ГЈ: Мхм, мхм.
ЉТ: Па ние вчера направивме некои предлози за мерки, ќе ги видите, ќе ви ги донесат сеа.
ГЈ: Важи.
ЉТ: Па да можат да ги…шо се вика, да ги уапсиме и да ги затвориме и ние.
ГЈ: Да де, да. Важи. Сé шо треба за да немаме после…
ЉТ: Сега дечкиве ќе ви донесат ова, ќе го погледате, за мерките…
ГЈ: Ок.
ЉТ: Така да, да ги документираме.
ГЈ: Јас на влада сум, сега не знам од колку саат, би требало брзо да завршам, ама ако е поитно у влада нека ми ги донесат.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков

СМ: Абе за ова што викаме за центаров, дали воопшто да го отвараме на 7-ми мај, ми е мене прашањето.
СМ: Е па, ај ќе видиме. Колку сте спремни…
ГЈ: Знаеш зашто?
СМ: Оти сакаат да дојдат и Израелциве.
ГЈ: Не бе, за спремни мислам дека немаме проблем, него у контекст на другава работа, знаеш. Нели ние викаме, неаме снимки, неаме ова, неаме она, а промовираме таков Центар.
СМ: Па добро, го отвараме после случкава, шо. До тогаш сме немале.
ГЈ: А бе, до тогаш сме немале, него, суштинската разлика е дали нешто до тогаш ќе завршиме со убиствово. Ако завршиме е полн погодок, знаеш.
СМ: Да, да, да.
ГЈ: Ама, ако не завршиме…
СМ: Не, не, не. Тоа…
ГЈ: Ај да видиме уште ден-два, па ќе се договориме, важи?
СМ: Да, важи, важи, ај.
ГЈ: Да не прејудицираме сеа. Значи, мене ми беше таа грижа.
СМ: Важи.
ГЈ: Ок.
СМ: Ќе те барам на фиксен.
ГЈ: Важи, ајде, чао, чао.