МЕГВАЕР ПОСТИГНА ГОЛ, ОНАНА ОДБРАНИ ПЕНАЛ СО ШТО ДОНЕСОА ТРИ БОДА НА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ПРОТИВ КОПЕНХАГЕН ВО ГРУПНАТА ФАЗА НА ЛШ

0
339

Манчестер јунајтед стигна до многу три важни бода во Лигата на шампиони и тоа благодарејќи на Хари Мегваер и Андре Онана, кои не се многу омилени и трпат критики поради слабите партии.

„Ѓаволите“ загубија на првите два натпревари, па вечерва против Копенхаген мораа да победат за да ги задржат шансите за нок-аут фаза во Лигата на шампиони.

Избраниците на Тен Хаг иако важеа за големи фаворити, тешко стигнаа до трите бода и тоа со помош на Хари Мегваер и Андре Онана, кои не се многу омилени и трпат критики поради слабите партии.

Дефанзивецот се најде на право место во 72. минута и центаршутот на Ериксен го претвори во водство од 1-0.

За трите бода да останат на Олд Трафорд се погрижи Андре Онана, кој во 97. минута го одбрани ударот на Џордан Ларсон од белата точка, откако Мектоминеј стартуваше несмасно и направи пенал.