УТРЕ ВО СКОПЈЕ ЌЕ ПРИСТИГНАТ 20 ИЛЈАДИ ВАКЦИНИ АСТРА ЗЕНЕКА ОД ГРЦИЈА

0
1042

Вакцините кои Грција ги најави за Северна Македонија, утре наутро се очекува да пристигнат во Скопје. Како што најавија пред две седмици и министерот Венко Филипче и портпаролката на грчката Влада, Аристотелија Пелони, од Атина ќе стигнат 20 000 дози од Астра Зенека.

На почетокот на месецов, Пелони потврди дека Грција во координација со Европската Комисија ќе испрати по 20 000 дози од вакцините за Северна Македонија и Албанија, откако претходно министерот за здравство Венко Филипче откри дека Северна Македонија очекува 70 000 дози од вакцините, од кои 50 000 од Бугарија и 20 000 од Грција.