ФСП: Да го спречат грабежот врз производителите на пченица и млеко

0
1125

Соопштение на ФСП:

Форумот на слободоумни патриоти ги повикува Владата на Република Македонија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопнство, како и Државниот инспекторатот за земјоделство итно да реагираат и да го спречат грабежот кој моментално им се случува на производителите на пченица и млеко.

За нас неприфатливи и понижувачки се цените од 7 денари за килограм пченица и 15 денари за литар млеко, цени по кои моментално се откупува пченицата и млекото.

Оттука, очекуваме и бараме итно од вас:

  • Да се запре увозот на пченица се до откупот на домашното производство.
  • Да се контролира увозот на млеко и да се намали истиот се до откупот на домашното производство.
  • Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопнство да гарантираат откуп на пченицата од 12 денари за килограм, цена која ја имаше пред врхушката да ја почне “преродбата”.
  • Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопнство да гарантираат откуп на млекото од 24 денари за литар, цена која ја имаше пред врхушката да ја почне “преродбата”.
  • Да се воведат квоти за увоз согласно откупеното домашно производство, нешто што беше пракса пред врхушката да ја почне “преродбата”.

Ние знаеме дека вашите политички кариери се пред колапс и дека ништо друго не ве интересира, освен личното спасување и личниот комодитет, но доколку итно не интервенирате сметаме дека сте директни учесници и поддржувачи на грабежот кој им се случува на производителите на пченица и млеко.

Со почит,

Форум на слободоумни патриоти