СКАНДАЛ ПРЕД ОЧИТЕ НА ИНСПЕКТОРИ ОД УЈП : Синот на Амди Бајрам искршил фискален апарат пред инспектори на УЈП

0
1134

Вчера при контрола во Авто пералната во сопственост на синот на пратеникот Амди Бајрам се случил инцидент, информира порталот Револуционер.

-Во моментот кога инспекторите на УЈП го побарале фискалниот апарат со цел да извадат дневен финансиски извештај, помладиот син на Амди Бајрам инаку сопственик на авто пералната сместена во гаражата на ГТЦ почнал погрдно да извикува кон инспекторите и го искршил фискалниот апарат – пренесува порталот.

Очевидци на настанот тврдат дека случката била непријатна, инспекторите по настанот си заминале.