(ФОТО): Запалено возилото на поранешниот градоначалник на Прилеп, Сашо Пирганоски

0
2108

Pirganoski-zapaleno-vozilo-2-1600x1200-1024x7681-540x405

Ноќеска околу 3.30 часот беше запалено возилото на поранешниот градоначалник на Општина Прилеп, доктор Сашо Пирганоски, објави РеволуционерМК.

Возилото марка „Цитроен Ксара“ кое било паркирано пред семејната куќа на Пирганоски, целосно е уништено.

Pirganoski-zapaleno-vozilo-3-1600x12001-540x405

На местото на настанот излезе увидна екипа на Полициската станица од општа надлежност Прилеп, додека возилото на територијалната противпожарна единица пристигна дури 30 минути после пријавувањето на пожарот.

 

РеволуционерМк телефонски го контактираше доктор Пирганоски кој што е надвор од државата, го прашавме дали до сега имал добиено закана, дали се сомнева во некој тој кратко изјави:

“До сега во мојот живот сум немал ни една закана, не можам да се сомневам во никој, поради тоа, од разговор со домашните ми кажаа дека има сведоци на настанот, останува на полицијата да го расветли случајот.”

Детали околу мотивите и можните извршители не се соопштени.

Pirganoski-zapaleno-vozilo-1-1600x12001-540x405