МАКСО ЌЕ ГО СТОПИРАЛ КОРИДОРОТ 8, НЕ БИЛ ПОТРЕБЕН, ЌЕ ГО ВРАТЕЛ ВО УЧИЛИШТЕ ПРЕДМЕТОТ ДОМАЌИНСТВО, ДЕЦАТА ДА ШИЕЛЕ, ПЛЕТЕЛЕ И ПЕРЕЛЕ

0
608

  • Ќе ги поништиме сите штетни договори за државата. Ќе градат Коридор 8. Седам во сред Албанија со Рама којшто госметам за голем лидер за својот народ бидејќи човекот работи од интерес за сопствената држава и сопствениот народ и го прашуам.Премиере каде ќе најдеме средства за коридорот 8, ми вели америкацните не даваат, бевме во Европа за сега пари нема, ние пари немаме, не знам, а овие нашиве платија над 160 милиони евра аванс, сака да каже вие сте многу богата држава. Еден метар немаат почнато, а уште проект немаат, а заборавија дека во јавност рекоа дека немаат проект, па која траса подготвуваш минираш, се удавија самите во сопствените лаги.Таквите проекти којшто ги нарекуваме стратешки треба да бидат за нашата држава а не за државите од опкружување, доколку некој проект е меѓународен коридор и меѓународната заедница има интерес од истиот тогаш ќе учествува финансиски и ќе ни помогне за истиот.

    А не од Македонија да ја трансформираме од полузадолжена во целосно задолжена држава, дајте им ги природните ресурси, разожурајте ја, презадолжете се, едноставно сте неодржливи.

    Ќе ги земеме парите од коридорот 8 и ќе ги насочиме во стопостотна наша државна инвестиција.

    Кога дојде финскиот амбасадор на гости кај мене го прашав, господине амбасадоре дали вие би биле подготвени како држава која е прва во светог во образование да ни испратите еден експертски тим за да помогне како да направиме совршено образование како вашето. Човекот рече не, а јас се изненадив затоа што кога ние го правевме нашиот образовен систем и го реформиравме експертска група од СФРЈ дојде во Финска во 70-тите години и ни го напиша нашиот комплетен процес и стратегија за развој на образовението и нашите деца учат и теорија и пракса, но учат и домаќинство како да везат, шијат и перат алишта.

Претседателот на партијата ,,ЗНАМ” , Максим Димитриевски.