ПРОТЕЧЕ ВИДЕО СНИМКА ОД ,,ТЕПАЧКАТА” НА КАРДИОЛОГИЈА ПОМЕЃУ ЈОВЕВ И ШОКАРОВСКИ

0
730

До неколку медиуми стигнало видео снимки во врска со инцидентот што се случи пред три недели, а меѓу актуелниот и поранешниот директор на Клиниката за кардиохирургија, Марјан Шокаровски и Сашко Јовев.

На снимките има дообјаснување: „еве како доктор Јовев од Кардиохирургија беше физички нападнат, или всушност тој е напаѓачот“, како и „Јовев е насилник кој се изживува и физички напаѓа вработени“.

Видеата се испратени од испраќач именуван како „incidentotnajovev“.

„Вработен на Клиниката за кардиохирургија, со иницијали С.Ј. денеска, околу 10 часот, прво вербално нападнал медицинска сестра, а потоа физички го нападнал М.Ш. (директор на клиниката)“, информира Министерството за внатрешни работи. Оттаму е известено Јавното обвинителство и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од Министерството за здравство во врска со инцидентот информираат дека со настанот е запознаен и ресорниот министер Фатмир Меџити, кој побарал совесно и професионално однесување од здравствените работници и нивна посветеност на пациентите.

Кардиохирургот Сашко Јовев во јуни годинава беше разрешен од директорската функција на Клиниката за кардиохирургија. Во првичното образложение за таквата одлука, министерот за здравство Фатмир Меџити кажа дека „повеќе нема да има директори кои седат и спијат по пет или десет години и немаат никаков резултат“, но подоцна откри дека Јовев бил разрешен откако по направена инспекција на Кардиохирургија биле констатирани големи злоупотреби.

Според Јовев причината за неговото разрешување, како што е наведено во решението, се две дежурства во 2022 година за кои не добил согласност од тогашниот министер за здравство.

Д-р Јовев го водеше тимот кој ја направи првата трансплантација на срце во земјава.