Венко Филипче : Денеска во Владата им доделивме благодарници за историскиот подвиг на сите оние кои учествуваа во првата трансплантација на срце во нашата земја. На средбата присуствуваше и синот на донорот Емилија Динева, Влатко Динев

0
953

Донорот Емилија и нејзиното семејство се најдобриот пример за хуманост, грижа, добрина и човечност.

Од срце се заблагодарувам на целото семејство за алтруизмот кој го покажаа на дело. На 23 мај за првпат изведовме трансплантација на срце во нашата земја.

Трансплантираниот пациент Иван е во добра состојба. Срцето на Емилија сѐ уште чука!

Горд сум што човекољубието е над сѐ. Горд сум на целиот медицински персонал што беше вклучен во овој процес.

Покажавме дека можеме, направивме историски исчекор и продолжуваме да правиме пресврти во јавното здравство!