СДСМ: Хаотичниот избирачки список потврдува изборна измама

0
907

„Се потврди дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ спроведувале криминални избори, преку фантомски гласачи и злоупотреби на државните институции. Jавноста секојдневно се запознава со хаотичниот избирачки список“, се вели во соопштението на СДСМ.

Од опозициската партија додаваат дека само неколку примери покажуваат дека на една адреса фигурираат и по стотина, па дури и повеќе лица.

– На една адреса во Скопје се запишани 112 лица, а на друга 66, на трета 33 лица. На една адреса во Ресен се запишани 34, на друга, 24, на трета осум лица. Големиот број лица впишани на иста адреса, но и бројките на станари кај пратеници и министри од ВМРО-ДПМНЕ, покажа дека планот за изборна измама бил направен во врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Се виде за каква злосторничка банда се работи, какви изборни измами правела – се вели во соопштението на опозициската партија.

Оттаму ја повикуваат Државната изборна комисија што побргу да даде инструкции, а граѓаните да го искористат своето законско право да пријават неправилности, но да доставуваат информации и до МВР, за да се покренат соодветни постапки.