(ВИДЕО) Режимот успеал да „смести“ 30 лица во зграда што не постои во Кисела Вода

0
1327

христо-татарчев-685x320Според Избирачкиот список кој го објави ДИК, во Општината Кисела Вода на улица Христо Татарчев 1 бр. 13 се води непостоечка зграда со еден влез во кој „живеат“ 30 фантомски гласачи, пренесува А1он.

Екипата на А1он беше на оваа адреса, но наместо зграда, како што стои во Избирачкиот список, наидовме на куќа во која живеат 2 семејства со по 3 члена.

Аристид Банчотов, Стеријана Банчотова, Луција Каролина Цалевска, Розалинда Дрвошанска, Дејан Наџенски се само неколку од триесетината измислени гласачи кои според Избирачкиот список живеат во зграда со еден влез и гласаат во изборното место 2770 во Кисела Вода.

Целата сторија ОВДЕ