(ВИДЕО) Богоев: Лебарки и бубашваби ја јадат нашата иднина во студентските домови

0
1443

Во изминативе години имаме кулминација на катастрофалните услови во образованието. Сведоци сме на погубните последици од екстерното тестирање. Бегате од соочување со учениците, наставниците. Сите сме свесни дека екстерното тестирање на ВМРО-ДПМНЕ му служи за контролирање на учениците и наставниците, рече во своето обраќање Стефан Богоев, пратеник на СДСМ во Собранието на РМ, по повод денешната Информација за општите состојби во образованието.

„Мизеријата продолжува со основни и средни училишта без парно греење. Се казнува средношколка од Велес за напишан критички Facebook статус, на свој профил. Здрав образовен систем ова не го дозволува. Системски е уништено и високото образование.
Лебарки и бубашваби јаде нашата иднина по мензите во студентските домови. Дали ова е кампањата за здрава храна?
На секој дожд прокиснуваат таваните по собите на студентите. Овие денови, преку својот егзекутор Олга Најденовска власта сака да направи контра Универзитет – Дамјан Груев. Контра Универзитет на 5 листа хартија, без елаборат и анализа за неговата потреба, нема ниту финансиска конструкција“, рече Богоев.

СДСМ, како што истакна, се обврзува да го укине екстерното тестирање, да ги реконструира студентските домови и заедно со професорите и учениците, системски да го гради образованието.

 

Среќен 8-ми март на сите наставнички, професорки, пленумки :)Борбата за подобро образование продолжува.Да го вратиме образованието на образованите!

Posted by Стефан Богоев on Tuesday, March 8, 2016