КОВАЧЕВСКИ : ОБЕЗБЕДУВАМЕ СТАБИЛНОСТ, СИГУРНОСТ, ЕКОНОМСКИ РАСТ И ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ СО НОВОТО ПАРЛАМЕНТАРНО МНОЗИНСТВО

0
389

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, за денешната седница во Собранието на Република Северна Македонија достави предлози за разрешување членови на Владата и за разрешување заменици министри, како и за избор на нови членови на Владата и за именување заменици министри.

Премиерот Ковачевски, во обраќањето на почетокот на парламентарната седница, посочи дека со владината реконструкцијата се зголемува парламентарното мнозинство, за да се продолжи по патот на прогресот.Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Ковачевски:
„Денес пред нас е посебна седница. Седница на која донесуваме крупни одлуки.

Иако денес имаме седница на која треба доминантно да разговараме за персонални и кадровски решенија, сакам на почетокот јасно да кажам.Прво, за мене, оваа реконструкција на Владата не е мотивирана од имиња и презимиња.Денешните одлуки не се мотивирани од тесно-партиски интереси на ниту една партија во Владата, сегашните или идните!

За мене, овие одлуки не се врзани и не смеат да бидат поврзани со желбите, мотивите и барањата на било кое партиско раководство!И затоа, веднаш на почетокот сакам да прецизирам!Денес ние сите носиме одлука дали и како ќе останеме на единствениот пат на државата!

Дали ќе останеме на патот на прогресот, дали ќе останеме на патот на развојот, на стабилноста и извесноста, на економијата, на енергетиката, на животниот стандард и безбедноста на граѓаните!

Или, како што сакаат дел од внатрешните и надворешните негативни фактори, да ја втурнеме државата во нова криза, нестабилност, непредвидливост и неред!

Јас од самиот почеток изборот го направив!

И тогаш, пред една година, и во цела 2022 година и денес, ни милиметар немам намера и нема да отстапам од тој правец!Точно знам што правиме и што треба да направиме, точно знаеме да разликуваме добро од лошо, точно знам да направам разлика од заедничкото и личното, точно знам што е државен и национален интерес, а што лични партиски, бизнис или профитерски интереси!И не калкулирам и не се грижам за личниот рејтинг и не тактизирам за дневни потреби!

Секогаш, во било кое време и ситуација, го бирам и на прво место го ставам државниот и националниот интерес, интересот на граѓаните и државата!
Од денот како станав премиер, како личност со најмногу обврски и одговорности, реков дека во Владата секогаш ќе има отворена врата за сите партии и личности кои сакаат и знаат да работат за европска сегашност и иднина на државата!