Разрешена МИСТЕРИОЗНАТА ФОТОГРАФИЈА од 2015 година со жолтото комбе пред седиштето на УБК: Се изнесувала опремата за прислушување, која била уништена за да се прикријат доказите за нелегалното прислушување од страна на РЕЖИМОТ!

0
1013

На 28 март 2015 година, Плусинфо објави фотографии од пред седиштето на Управата за безбедност и контраразузнавање, на кои може да се види како жолто комбе се товари со материјали, за чија содржина во тој момент не можеше да се дознае.

Но по денешната прес конференција на СЈО и образоложението на случајот „Тврдина“, според презентираниот временски период во кој е вршено подготовка за уништување на опремата за присилушување, станува јасно што се изнесувало од УБК на 28 март минатата година.

Од графичката шема, која ја презентираше обвинителката Ристевска, може да се види дека осомничените дејствата кои претходеле на физичкото уништување на опремата ги преземале во март, 2015 година:

шема 30

За тоа дека на 28 март 2015 се изнесува опремата потврдува и изјавата на обвинителката Ристевска, интегрално ви го пренесуваме тој дел:

Врз основа на известувањата кои ги добил, првоосомничениот на 11.03.2015 до Одделот за координација при Управата доставил Предлог за формирање Комисија за попис, расходување, ништење и бришење од евиденцијата и од листата на задолжување заради техничка застареност и нефункционалност на системите. Притоа спротивно на член од 8 став 6 од Упатството за вршење на попис во Министерството за внатрешни работи, за членови на Комисија предложил лица кои ракуваат со средствата кои се предмет на попис, односно лица кои се материјално задолжени за средствата кои се предмет на попис.

На 16.03.2015 второосомничениот како началник на Одделот за координација при Управата до Секторот за правни работи и управување со човечки ресурси при Министерството за внатрешни работи изготвил и доставил Предлог за формирање на Комисија за попис, расходување, ништење и бришење од евиденцијата и од листата на задолжување заради техничка застареност и нефункционалност на системите и техничката опрема, спротивно на член од 8 став 6 од Упатството за вршење на попис во Министерството за внатрешни работи, како и без прецизна и јасна формулирана задача на Комисијата и без појаснување дали барањето за формирање на Комисија се однесува на конкретни технички системи, средства и опрема или пак како конкретен предмет на попис и ништење се јавуваат сите системи, средства и опрема во УБК.
Тука особено симптоматично е што од Секторот за правни работи и управување со човечки ресурси во МВР, било укажано на недостатоците во предлогот второосомичениот, но иако овој допис е примен во УБК, сепак второосомничениот не извршил дополнување и појаснување, кое нешто било направено со цел да се прикрие фактот дека предмет на ништење се системите за следење на комуникации .

Со оглед дека решението не било изготвено, првоосомничениот реагирал во Сектрот за правни работи и управување со човечки ресурси, по што од Секторот е пристапено кон изготвување на решението по напатствија дадени од Министерот за внатрешни работи. Така, на 23.03.2015 Министерот за внатрешни работи (третоосомничената) формирала Комисија за попис, расходување, ништење и бришење од евиденцијата и од листата на задолжување на системи и техничка опрема во Управата за безбедност и контраразузнавање, без да ги има предвид одредбите од законските и подзаконските акти кои го регулираат начинот на постапување со класифицирани информации, без да има конкретен законски основ за формирање на комисија за ништење на средства и опрема, без да постои барање од сите организационите единици во Управата за безбедност и контраразузнавање согласно Упатството за вршење попис и без да изврши проверка дали предложените членови на Комисијата ги исполнуваат условите од член од 8 став 6 од Упатството за вршење на попис во Министерството за внатрешни работи.

Со решението Комисијата била овластена да изврши попис на системите и техничките средства и опрема од листата на задолжување во Управата за безбедност и контраразузнавање, да ја констатира затекнатата состојба и доколку утврди нивна техничка застареност и нефункционалност да изврши ништење на системите и техничките средства и опрема во правно лице оспособено за истото, да изготви записник и да ги расходува и избрише сите средства предмети и материјали од книговодствената евиденција на Министерство за внатрешни работи.

Така на 26.03.2015 година Комисијата пристапила кон попис на системите и техничката опрема но само во Одделот за оперативно – техничка поддршка на операции и следниот ден на 27.03.2015, лицата задолжени за ракување со системот за следење на комуникации го исклучиле системот за следење на комуникации кој тогаш бил во употреба, за да наредниот ден на 28.03.2015 година пристапат кон товарење на системите и опремата кои биле предмет на попис и ништење, меѓу кои и двата системи за следење на комуникации“.

Повеќе фотографии и целата сторија на Плусинфо може да ги погледнете ОВДЕ