Дека на државната болница во Скопје и треба тотална реконструкција може да се погледне и од објавените фотографии. Погледнете го здравството во кое 11 години се лекуваа македонските граѓани каде раководеше екс министерот за здравство Никола Тодоров. Се надеваме дека наскоро новиот министер Арбен Таравари ќе се погрижи за оваа загрижувачка состојба во која се наоѓаат скоро сите болници ширум Македонија како и државната болница каде не само што е руинирана туку и има недостиг на кадри, лекари, специјалисти, хирурзи и останат болнички персонал.