„Астон Мартин“ не се откажува од мануелниот менувач

0
1037

Британскиот производител на луксузни спортски автомобили „Астон Мартин“ останува на својата одлука во понудата што подолго да ги задржи класичните мануелни менувачи, пишува „Car&Drive“.

Првиот човек на компанијата, Енди Палмер, вели дека не е фан на менувачот со двоен кумплунг (што се повеќе се застапен дури и кај традиционалните спортски автомобилски марки) пред се заради дополнителната маса и комплексноста на трансмисијата.

Палмер во интервју за „Car&Drive“ откри и некои планови за иднината на „Астон Мартин“. Според него, по премиерата на моделот „DB11“, следниот автомобил што ќе доживее смена на генерации е „V8 Vantage“.

Овој модел својот наследник ќе го добие во 2017 година. Тоа ќе биде првиот „Астон Мартин“ што за погон ќе користи  4.0 V8 би-турбо од АМГ одделението на „Мерцедес“.

Палмер  не ја отфрла можноста истиот мотор во одреден момент да им биде понуден и на други модели на британскиот производител, а заради специфичноста на одредени пазари, можно е да се најде и во „Астон Мартин ДБ11“.

По моделот „ V8 Vantage“, компанијата во 2018 година ќе го лансира и наследникот на „Vanquish“, a веќе е најавено дека концептот „DBX“ својата продукциска верзија ќе ја добие кон крајот на декадата.

Освен споменатите модели,во подготовка се уште три нови модели на „Астон Мартин“. Како можни кандидати фигурираат суперлуксузната лимузина што ќе ја има ознаката на подбрендот „Lagonda“, како и наследникот на моделот „Rapide“ со четири врати.

Во овие планови не се наведува хиперавтомобилот што „Астон Мартин“ го развива со „Red Bull“ со оглед на фактот дека ќе биде произведен во ограничена серија од 99 примероци, како ни малосерискиот електирчен „ RapidE“, предвиден за 2018 година.