Почитувана Најчевска не биди параноична, професор со плата од 1000е не може да се замолчи со казна од 300е!

0
1235

Многу ја почитувам професорката Најчевска, нејзиниот бунтовен дух е навистина за почит.

Но понекогаш и таа знае да киксне.

Идејата дека некој во владата седнал и испланирал како да ја казни нашата Најче за критиките и вртел телефони по обвинителство и суд и нашол начин како да ја казни со 300е ми е многу смешна.

Смешна ми е од следниве причини:

1. Тој што добро ги познава челниците на оваа влада добро знае дека ова се кротки луѓе кои немаат моќ за омраза и одмаздништво и диктаторство. Можеш да ги тепаш безмилосно и они ќе те прашаат да не ви треба кафе или тонер?

2. Оваа влада е симпатично неспособна за таква операција. Тоа бара координација, упорност, злоба, акција, енергија, оваа влада е ноншалантна, трапава, дури некогаш и симпатично комична. Најче не била у влада претпоставувам, оваа влада е две години на власт а уште не работи како што треба преводот, откажува на сред прес конференција, рока миксета, шахта, кабли, микрофони 😀

3. Нема логика тврдењето на професорката затоа што смешно е да казниш професор со плата од 1000е со казна од 300е и да очекуваш дека така ќе го замолчиш?! За да пробаа да те замолчат, казната требаше да биде или затвор или многу висока, над 10 000е! Или да најдат начин да те тргнат од УКИМ поради икс причини?

4. А и самата Најче не е толку жестока кон владава, повеќе е жестока кон ВМРО ДПМНЕ, зошто да замолчиш некој кој работи во твоја корист иако од време на време знае да опали и кон Бихачка…

5. А и самата логика дека некој може да ја замолчи Најче е луда идеја, па оваа власт може е по малце неспособна ама не е луда!

Инаку за тие што не го познаваат Заев, не би поверувале ако ви кажам дека сега да го седнеш Заев и да му ставиш пиштол на глава и да го прашаш кој е судија во процесот на Вице против Николовски он нема да може да се спаси, пошто нема поим.

Има една ноншалантност, една непрецизност и неорганизираност кај оваа влада што делува благо пријатно, овие дечки и да сакаат не можат да организираат диктатура која ќе трае повеќе од еден месец.

Не знам зошто е тоа така, мислам дека се работи за некој механизам како да не скренат од умот поради толкав стрес и толку многу процеси кои ги менаџираат паралелно, па се трудат што помалку да знаат ако не мораат.

Саше Ивановски, уредник на порталот Мактел.Мк