МИСОВСКИ: МИЦКОСКИ Е ПРЕД ДЕБАКЛ, ЗАВРШУВА БОРБАТА ЗА АМНЕСТИЈА НА КРИМИНАЛОТ НА ГРУЕВСКИ

0
888

„ВМРО-ДПМНЕ цврсто чекори кон дебакл. Го имаме лузерскиот тандем на Мицкоски и Силјановска кои ја водат борбата за амнестија на криминалот на Груевски. Заедно ги изгубија претседателските избори, сега се на чекор и до вториот пораз на парламентарните избори на 15 јули, кога граѓаните нема да дозволат обнова на режимот и ќе ја испратат во историјата криминалната врхушка која ја разоруваше државата 11 години“, порача потпретседателот на НСДП и кандидат за пратеник во првата изборна едина од коалицијата „Можеме“, Горан Мисовски на вчерашната средба со граѓани кај Автомакедонија во општина Центар, Скопје.

Мисовски истакна дека последната анкета која беше објавена во јавноста од страна на Националниот демократски институт (НДИ) покажува дека граѓаните ја отфралаат ВМРО-ДПМНЕ како политичка опција во која препознаваат промени од времето на Груевски.

„За тоа дека политичката кариера на Мицкоски е пред самиот крај, зборува не само предизборното расположение кај гласачите, туку и немањето на меѓународна поддршка за полтиките кои тој ги застапува. Националистичката политика која тој ја промовираше, особено за време на референдумот за името во 2018 година, доби отворена критика и од поранешниот помошник-државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Вес Мичел, кој во отворено писмо изрази разочарување од позициите кои Мицкоски и тие околу него ги застапуваат во ВМРО-ДПМНЕ. Одговарајќи му дека пред зората е секогаш најтемно, Мицковски се впушти во ширење на лажен политички оптимизам во своите редови, ветувајќи и на Силјановска дека ќе ја огрее сонцето на победата“, рече Мисовски, притоа додавајќи дека професорка заробена во илузиите, тргна да ја понижува својата фела во барање на правни аргументи за кражбите на државниот буџет кои ги правеше злостроничкото здружение.

Тој порача дека ниту ќе победи професорката, ниту пак ќе изгрее сонцето во ВМРО-ДПМНЕ, додека Мицкоски продолжува да дава интервју од Белата палата на најбогата партија во Европа со замрзнат имот заради криминал.

“Граѓаните нема да дозволат обновување на режимот на неговиот ментор“, додаде Мисовски.