Милевски: И пензионерите чии внуци се иселија ќе гласаат против Груевски

0
970

Дождот значи предвесник дека ќе победиме во Охрид. Ќе победиме во Струга и Битола. Веќе следниот понеделник Македонија ќе дише слободно ќе си го вратиме животот назад. Во недела ќе гласаме против оваа влада и нејзините политики-рече Горан Милески лидер на ЛДП вечерва на митингот на СДСМ и Коалицијата За живот во Македонија во Охрид.

– Ќе гласаме против екстерното. Ќе гласаме и против радиодифузната такса и овој трошок нема да го има. Ќе гласаме и против начинот на инспекциските служби. Сите ќе гласаме за бројот 4 и Македонија ќе победи. Сите оние коие не се задоволни од своите месечни примања ќе гласаат за променј, за повисок стандард. Ќе гласаме против притисоците врз администрацијата – рече Милевски

Милевски како што рече очекува да гласаат и пензионерите чии внуци се надвор од земјава.

– За нас ќе гласаат и пезнионерите зашто ќе гласаат за своите внуци. Чуму ми се 200 денари покачувањза на пензијата кога не можам да ги гушнам и видам моите внуции ми рече една бабичка во Битола. Ајде да не ги натажуваме нашите баби и дедовци. Да ги вратиме малдите, да гласаме за Мекдонија – рече Милевски.

Според него во недела Мекедонија мора да се зборегува од Никола Груевски и неговите погубни политики.

– Ќе се збогува од корупцијата криминалот на Груевски, од поделбите што ги чуваат во нивните глави. Ние нудиме соживот. Среќни луѓе. Затоа сме во коалиција со граѓаните. Зашто сакаме европски стандард.Ни сме за чист Охрид. Да имаме плати достојни за живот – рече Милевски.