НИКОЛОВСКИ: УПАТУВАМ АПЕЛ ЗА СМИРЕНОСТ, СЛЕДЕЊЕ НА ИЗРЕЧЕНИТЕ МЕРКИ И ПОДГОТВЕНОСТ ДА СЕ ПОМОГНЕ ОНАМУ КАДЕ ШТО ИМА МОЖНОСТ

0
666

📢 Со цел ефикасна интервенција и непречено ставање во служба на сите расположливи ресурси во спречувањето на пожарите кои зафатија повеќе делови од територијата на државата, Владата денес донесе одлука за стапување во сила на 30 дневна кризна состојба на територија на целата држава.

✅ Во тек е забраната за движење во шумски подрачја ширум целата земја.

✅ Пристигнатата помош од соседите е веќе ставена во употреба и дејствува заедно со нашите противпожарни и армиски сили.

✅ Петте хеликоптери од утринава веќе го гаснат пожарот во Пехчево и ќе останат на позициите сè додека временските услови го дозволуваат тоа.

✅ Подготвени за дејствување се сите капацитети на Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, како и медицинскиот персонал во земјата во случај да се јави потреба од тоа.

✅ Сите надлежни институции доследно ги извршуваат своите обврски согласно ингеренциите кои ги имаат. Се дејствува соодветно, координирано и прописно, со ефективно користење на сите расположливи капацитети.

📢 Упатувам апел за смиреност, следење на изречените мерки и подготвеност да се помогне онаму каде што има можност.

Фејсбук статус на генералниот секретар на СДСМ,  Љупчо Николовски.