СКАНДАЛ во Собранието: Режимскиот пратеник Крсте Муковски изреволтиран од Горан Мисовски се закани дека во иднина нема да се дозволат дискусии во кои се споменуваат делови од „бомбите“!

0
2199

комисија за финасирање

Инцидент се случи на деншната расправа во Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на Република Македнија. Членот на комисијата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Крсте Муковски, кој е и заменик кооридантор на пратеничката група на режимот, изреволстиран од дискусијата на пратеникот од НСДП Горан Мисовски дека во својот говор како аргументација употребил дел од соржината на „бомбите“, се закани дека во иднина нема да се дозволат дискусии со држина од „бомбите“, дознава Мактел.

goran_rankovce_kp

 

Инцидентот настанал кога Горан Мисовски во расправата за предлогот за измена на Законот за јавни набавки, како илустрација за тоа што претставува злоупотреба на јавни набавки, употребил дел од „бомбите“ на Заев, поточно од шестата бомба, каде Зоран Ставревски и вели на Гордана Јанкуловска деака битолскиот градоначалник Владимир Талески „направи проблем со превозниците на учениците со коруптивен договор од 2010 со десет пати повисоки цени и наместо да го покрие криминалот се жали дека министерството за образование не му дава доволно средства“. По што Мисовски ја прозвал пратеничката на ДПМНЕ од Битола Лилјана Кузмановска заедно да ја повикаат новата специјална обвинителка и на прес конференција да се предложи одземање на пасошот на Талевски. По ова уследила жестока реакција од Муковски, кој рекол „во иднина вакви дискусии нема да дозволиме“.

Овој режимски пратеник се дрзнува да кажува што може а што не може да се зборува во Собранието, дали со ова порачува дека „бомбите“ се забраните во Собрането! Овој момак излгеда не знае, презафатен од служењето и пушењето кај Грујо, дека пратениците уживаат неприкосновена слобода во говорот и дека може да кажуваат што сакаат и како сакаат!

ksto

Но режимот е во паника, и вакви идиотски изјави може се почесто да очекуваме како што се доближува моментот кога режимот и официјално ќе биде закопан во политичката историја на Македонија.

Патем, Мактел ве потсетува што му ја дигнало косата на Муковски:

Разговор помеѓу Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска

ГЈ: Ало?

ЗС: Горде шо праиш?

ГЈ: Еве вести.

ЗС: Добро.

ГЈ: Ти?

ЗС: Еве ја сега пошто завршив пред 15 минути, дојдов у канцеларија и продолжуем накај дома. Се изнервирав дополнително со ова копилево од Битола Владо Талевски, пичка ли му матер.

ГЈ: Шо бе Зоки?

ЗС: Абе ни напраи скандал со овие превознициве. Ќе ти кажам шо е.

ГЈ: Абе што говеда се значи.

ЗС: Беше направена ситуацијата. До 2010та до јуни, склучен е договор со Транскоп, коруптивен до даска, у кој што по поединечен ученик договорените цени му се повисоки 10 пати повисоки отколку после тоа, отколку денес шо важат цените со приватни превозници се договорите. Значи советов у 2010та од опозицијава овие му извршиле притисок да ги смени тие договори и он распишува тендер, кај што приватни превозници се јавуваат…

ГЈ: Да де, тендер. Кој бил најефтин, тој.

ЗС: … и цената ја спуштаат во однос за 1 спрема 10 на некои места, негде 1 спрема 5, негде 1 спрема 3.

ГЈ: Да де да.

ЗС: И копилево место да си го покрие криминалот, напукал, пошто долгот до 2010та отприлика е, кон Транскоп, отприлика е 36 миљони денари и 22 миљони кон приватниве. И сега бара преку ЗЕЛС, прво со поддршка од Коце се разбира, да ние му ги покриеме долговите.

ГЈ: Коце за сите такви матни работи дава поддршка. И само да те намести.

ЗС: Испратив луѓе таму. Како второ значи, има на сметката негова, на редовна сметка 60 миљони денари и на сметка за дотации кои што се наменети за исплата на плати и на материјални трошоци 16 миљони, откако веќе ги исплатил платите, вишок има цело време 16 миљони денари. Шо значи он може да го затвори главниот дел од долгот со таа сметка да ги плати. Место тоа да го напраи, он му врши притисок на Панче, прво ги пушти превозниците на прес, пази. И даде изјава…

ГЈ: Да да, глеав тоа, да.

ЗС: … на медиуми дека министерството за образование за финансии малце му давале пари. А кој се овие луѓево шо се превознициве се наши. Значи, за да излезат на прес, не излегле случајно. На негово барање.

ГЈ: Да де да. Тие и работата случајно не ја добиле.

ЗС: А у меѓувреме едно 50 СМС-и до шефот имаше испратено претходно уште. И му реков, нели завчера коа беше у Влада нејќев ни да го погледнам.

ГЈ: Да, да, да.

ЗС: И му реков на Панче ти јави му се, оти ја ако му се јавам ќе му ебам мајката, не можам да се воздржам на телефон. И сеа и на Кире Божиновски му се јавував да му изврши притисок, пошто копилето игра крајно прљаво. Значи тој е, тоа е… Кај што е неспособен, уште тежок криминалец, ама и перфиден актер она, глумец.

ГЈ: Епа тоа му е професија. Тоа сакав да ти кажам. Добар глумец е.

ЗС: Лигле.

ГЈ:. Значи блефер, професионален е. Другиве блефираат, ама така приучени, ама овој е професионалец, професија му е тоа.

ЗС: Да де да. Копилиња, со такви се занимаваме…

ГЈ: На толку помош.

ЗС: Значи малце ли се тепам у Собрание со сите, од комуњариве, сега и на толку помош што му е дадена, копилето пази нас ни праи прес, ми праи он мене.

8. Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Зоран Ставревски

ГЈ: Ало? Ало?

ЗС: Консултација малце се изнервирав.

ГЈ: Ајде.

ЗС: Уште не дојден од Турција ми стига порака: Зоран што направи толку Дане денеска да го направиш лом? Нешто… со него

ГЈ: Боже еееј.

ЗС: Дане од Државна Лотарија на кој што миљон работи му прошле со кој што ја не се согласувам…

ГЈ: Да де да.

ЗС: …миљон и првата покушаваше агресивно денес да ја спроведе и на Лиле и се дереше и ја застанав у заштита на Лиле и едно време ми пукна филмот пошто искоментира па ако не ми најдете, ако не може вака да се реши, тогаш Владата нека ми даде пари и ја тука ми пукна филмот и му се изназдрав. И му реков ако не ти се работи оваа работа напушти ја, на некој друг може ќе му се работи или можда е проектот неуспешен и нема постојано истото да го слушаме. И знаеш го запукав така јако…

ГЈ: Да де да.

ЗС: …да се однесува така на комисија. И копилето одма пишал порака и од сите…

ГЈ: Лигуш.

ЗС: …можни приорите у државава прво по доаѓањето од Турција место да ми каже фала Зоран што ми ја држеше состојбата овдека додека ја…

ГJ: Да де да, мислам на миљарда проблеми, мислам овој период толку беше напнато, затегнато…

ЗС: Но но, преку глава ми е, значи истото тебе шо ти го прај, значи ќе ти, ќе ти… Одма зазема став дека другиот е во право, ти си кривиот. Значи еднаш позади нас да застанеше.

ГЈ: Да де да, она вчера шо ти го кажав, мислам… Ме слушна колку бев изнервирана. Мислам стварно е…

ЗС: И сеа ја му пишам порака, се објаснуем се оправдуем, а ми иде да му напишам иди у пичку материну.

ГЈ: Заедно со се Дане.

ЗС: Заедно со се Дане и седи тука работи ти ја работата, ја ја ја не морам да ја работам. Ако не ти се свиѓа.

ГЈ: Не ама стварно е претеризам.

ЗС: Ебати Дане, ебати копилињата.

ГЈ:И на крајот на краиштата, абе ако ти е Дане добар, стај го Дане да ти ја брка работата ти шо ја бркаш. Стај го Дане и готово.

ЗС: Абе сите се у право. Значи у старт е у право, и ја сеа треба да се правдам. Ја сум у дефанзива.

ГЈ: Да бе да. И сеа… пази најлошото е шо ти не добиваш шанса човечки да се објасниш. Треба по СМС да се објаснуваш.

ЗС: По СМС бе еве, СМС ми пишал не можел да издржи од од… Страшна работа се десила, Дане е увреџен.

ГЈ: Мизерија да ти кажам.