Маркетинг на еден душман на своето сограѓанство

0
1586

Се чудам, чуму некои се нервираат што Груевски одел по настраданите подрачја и „си правел политички маркетинг„?!

Да, да, си прави политички маркетинг, како што и се очекува од политичар и по „протокол за политичар(к)и„ насекаде, нека го, дотолку ваљда имаме разбирање и искуство за политичката игра и императивите на политиката.

Ама, каков маркетинг си прави и постигнува, не зависи од него, туку од самото граѓанство, како го доживуваат и оценуваат, нели, спрема контекстот и очигледните докази.

Јас мислам дека мнозинството го доживуваат како маркетинг на сето негово лично политичко лицемерие и расипаност, како и како ептен јак маркетинг на очебијно деструктивните резултати од неговата децениска криминализирана, политички некомпетентна и функционално неспособна власт!

Нај, нај од се, како маркетинг на неговата лична улога во постепеното раскапување на нашата државност, не само во слободарското и демократското устројство, не, не, туку во најсуштинската бит и функции на една држава, било која држава!

Ете, тоа е тоа, маркетинг на еден душман на своето сограѓанство кој со години им се продава/ше за „патриотски„ , „технократски„, „модерен„, „успешен„, „ефикасен„, „ефективен„ политичар!

Така да, ако, нека си тера со маркетингот! Иронично, но поплавата-маркетинг е чесен облик на маркетинг, темелно те бања и разголува, да не можеш да го замаскираш и скриеш направеното (зло!) во и од политиката на земјата!

Каролина Ристова – Астеруд (Фејсбук статус)