(ВИДЕО) ШЕЌЕРИНСКА СО ИЗЈАВА НА ГОДИНАТА ОД КИЧЕВО : ИЗБОРОТ Е ЈАСЕН, ИЛИ НАТО И ЕУ ИЛИ ХУНЗА И БЕЛИЗЕ

0
1305
Ретко кога имаме вака ретка разлика, од едната страната имате членство во НАТО, од другата страна имате една бела палата во центарот на Скопје. Од еднава страна имате Брисел и преговори со ЕУ, на другава страна го имате Белизе и преговори со хунзите.
Од еднава страна имате решенија дури и на најтешките проблеми, а од другава страна имате само кавги непријателства. На овие луѓе и на овој народ им е смачено од кавги и непријателства. 
Овдека сме сите седнати и се разбираме кога имаме различни ставови, и наоѓаме решение за тоа што се почитуваме. Ова држава стана независна и успеа да помине многу премрежија,само што наоѓавме начин како да се разбереме и како да тргнеме напред. Ние на 15-ти јули ви ветуваме такви решенија.