Латас за 1 година купил 3 стана во Скопје, 7.000м2 земјиште во Зелениково и изградил 3 луксузни вили

0
3605

Покрај државните тендери кои ги добивала фирмата „ЕЛТРА ДООЕЛ“ во сопственост на фамилијата на Латас, новинарот и близок пријател на обвинетиот криминалец Никола Груевски за 1 година успеал да го зголеми својот имот за неколку стотици илјади евра. Да почнеме по ред.

Ова(долу на сликата) е еден од имотните листови, според којшто уредникот на Сител ТВ, Латас, на 06 април 2012 година купил стан на Илинденска, во Општина Карпош, со квадратура од 107 м2 и помошни простории од 6 м2. Во вредност од околу 135 илјади евра.

d0bbd0b0d182d0b0d181-d181d182d0b0d0bd-d0b2d0be-d0bad0b0d180d0bfd0bed188-d0bdd0bed0b2-2012-d0b3

Неполна година претходно, неговата ќерка Ива Павловиќ, добила ПОДАРОК СТАН. На 17 февруари 2011 година. Станот е од 87 м2 и помошни простории од 7 м2. Лоциран исто така на Илинденска во Карпош. Станот е со пазарна вредност од околу 120 илјади евра. Очигледно некој бил многу дарежлив кон ќерката на Латас.

d0bbd0b0d182d0b0d181-d0b8d0bcd0bed182-d0bfd0bed0b4d0b0d180d0bed0ba-d0b7d0b0-d19cd0b5d180d0bad0b0-d0bad0b0d180d0bfd0bed188

Тие пред да дојдат до овие два стана, живееле во стан во Општина Центар. Овој стан од 127 метри квадратни е со пазарна вредност од околу 160 илјади евра, а сега се води на име на сопругата на Латас, Марија Павловиќ.

d0bbd0b0d182d0b0d181-d0b8d0bcd0bed182-d181d182d0b0d0bd

Но тоа не е се. Заедно со својот брат, Даган Павловиќ-Латас поседува недвижен имот со површина од над 7.000 метри квадратни во Општина Зелениково.

Илјадници метри квадратни, во најголем дел купени во 2011 и 2012 година. Во истите години кога Павловиќ свртел 250 илјади евра преку фирмата „Тотал Маркетинг ДООЕЛ“(без ниту еден вработен) и кога семејството Павловиќ се стекнале со три стана.

Според овој имотен лист, број 135, од катастарска општина Градовци, Драган Павловиќ Латас поседува градежно неизградено земјиште од 4.803 метри квадратни во местото Гуменја. Неговиот брат, на истото место, Гуменја, поседува 2.205 метри квадратни, исто така градежно неизградено земјиште.

il-135-str-1 il-135-str-2 il-252-str-1 il-328 popisen-list-br-327

Дополнително, според овој имотен лист, браќата Павловиќ поседуваат и друг недвижен имот, во истата општина, кој наводно го купиле со Договор за купопродажба склучен во ист ден, 2010 година.

Но, овој имотен лист, број 328, катастарска општина Грдовци,  открива и нов скандал. Имено, никаде во имотниот лист не стои што всушност поседуваат браќата Павловиќ и со која квадратура. Воопшто не е наведен бројот на катастарската парцела, катастарската култура, намената, површината….

Дополнително, семејството Павловиќ поседува и друг недвижен имот, со незапишани права, и, исто така со непозната квадратура.

img_1527 img_1533 img_1543 img_1548

И скандалот не завршува тука.

На дел од имотот на браќата Павловиќ изградени се луксузни куќи, за кои не може да се потврди дали се легални, дали се во фаза на легализација или воопшто не фигурираат како имот.

Додека мнозинството граѓани живеат тешко, „ некој секој ден ги убедува дека Македонија е Швајцарија”.

Извор : КриминалитеНаВмроДпмне