Кукавицо, ЈАВНО те повикувам да се појавиш на наредното СУДСКО рочиште!

0
1425

Кукавицо, облечена во полициска униформа, денеска не се појави на Суд! Се криеш и бегаш од Судот за да не се соочиш со мене!!!
Затоа што ти си храбар и силен само, кога, како жена бев свртена со грб.

На еден од протестите на опозицијата одржан пред Јавното Обвинителство на 7-ми мај оваа година, ти командире на вод во единицата за ЈРМ, полицаецу Здравко Анчевски, кукавички ме удри од зад грб. Подло и ниско. Без чест и морал и совест за последиците.

Кукавицо, можеше денеска во Судот да дојдеш и во полициска униформа! Знам дека така ќе се чувствуваше поголем. Најмалку што очекував, од такво мажиште како тебе, што удира по глава, од зад грб, е да ја вратиш судската покана и да излажеш дека си иселен од адресата, каде што ти навистина, сеуште живееш.

Да беше маж, ќе дојдеше и ќе се соочеше со вистината. Да беше човек, досега, јавно ќе ми се извинеше. Ама јас веќе не прифаќам никакво извинување!

Еве ќе ти кажам, дека денеска Судот, во твое име, ме убедуваше да прифатам помирување и закажа уште еден обид , иако јас како оштетена и тужител, инсистирав да биде нотирано на записник дека несакам никаков обид за мирење. Судот ми постави чудно прашање, кое според моите правни сфаќања, е многу невкусно со оглед на текот на кривично-правниот настан! А можеби ценетиот Суд не е сеуште во тек со предметот!!! Што би направила кога обвинетиот Здравко Анчевски би клекнал на земја и би плачел пред мене да му простам и дали тогаш би прифатила помирување?! Бев запрепастена!!!

Па нели ти негираше пред колегите дека си ме удрил и ги тераше твоите подредени полицајци да потпишуваат лажни изјави. А полицаецот – очевидец на настанот од врвен специјалец, токму деновиве, го избрка да биде позорникар во Сарај. Злобно од твоја страна.

Разбирам дека одработуваш за режимот како благодарност што ја примија твојата ќерка на курсот за полицајци!!! Нели, ти кукавицо, се топореше дека ништо не ти можеме. Јас физички НЕ, ама затоа барам споведување на правдата и во целост остварување на целите на казнувањето.

Јас не сум скарана со тебе па да се помирувам. Не те познавам кукавицо! Те сретнав само кога, ти како полицаец, без никаква причина ме повреди, ме удри по глава… а последиците од главоболките и вртоглавиците сеуште ги чувствувам. Ми го наруши секојдневието во обврските со моите три деца.

Анализирајќи го твојот кукавичлук, знам дека и наредната покана ќе ја вратиш, а Судот засега одби да ти достават покана на работното место во СВР Скопје.

Затоа, кукавицо, ЈАВНО те повикувам да се појавиш на наредното СУДСКО рочиште!

Еве ти кажувам: Дојди на 12 ноември 2015 година во 13.30 часот во Основен суд Скопје 1 Скопје во судница 3.

Дојди за во очи да ти кажам и на тебе( како што побара Судот од мене) а и да му повторам на чесниот Суд уште еднаш, дека не прифаќам никакво помирување!

Не прифаќам никаква парична надокнада, во замена за твојата вина и помирување!

Наспроти повиците на мојот сопруг, генерал Стојанче Ангелов кој те предизвика на ултимајт фајт (Ultimate Fight) тепачка, поточно на ултимајт фајт спортска борба, па и повикот дека ќе го повлече предизвикот доколку ги повлечеш лажните сведоци и изјави и дека ќе престане да те бара, ти денеска побегна и од мене, побегна од соочувањето со мене на Суд.

Затоа, јас како почитувач на Уставот на Република Македонија и Законите, ти ветувам дека до крај ќе барам да бидеш огласен за виновен и казнет за стореното. Мене пари не ми требаат. Јас не барам оштета. Јас само барам Судот да те казни како поука во иднина да не кренеш рака повеќе на никого, воедно и како воспитно влијание за останатите полицајци да не вршат вакви кривични дела, затоа што нема да бидат заштитени!

Запамти, дека согласно законот за полиција, без причина и сосема неосновано како полицаец примени непотребна и несразмерна физичка сила, без претходно предупредување и свесно ми нанесе телесна повреда. Затоа ќе бидеш казнет!

Од фејсбук зидот на Јасмина Ангелова, сопруга на ген. Стојанче Ангелов