Комитетот за заштита на правата: Од една страна, со умисла се кочат и опструираат предметите кои што ги работи СЈО, а од друга страна кога станува збор за обични граѓани, судот се однесува најсурово – 13 години затвор за 2,8 килограми марихуана

0
931

Комитетот за заштита на правата ја информира јавноста дека судството во Република Македонија сеуште работи и суди по двојни аршини. Од една страна, со умисла се кочат и опструираат предметите кои што ги работи СЈО, штитејки осмничени криминалци за тешки кривични дела против државата или милионски финансиски злоупотреби.

Од друга страна, кога станува збор за обични граѓани, судот се однесува најсурово и надвор од границите на разумот, вон сите примери на судска пракса во Македонија, регионот, ЕУ, па и пошироко…

Денес, во кривичниот Суд Скопје 1-Скопје беше објавена пресуда за кривично дело трговија со дрога, а се судеше за 2,8 килограми марихуана. За 2,8 килограми марихуана, им се судеше на 9 граѓани а вкупната затвоорска казна која што беше изречена е 45 години затвор.

Највисоката казна е 13 години затвор, другите казни се 9, 8, 6, и 4 години а најниските казни се по 1,5 години затвор. За апсурдот да биде најголем, за тој кривично правен настан ВЕЌЕ ПОСТОИ ПРАВОСИЛНА ПРЕСУДА! Очигледно, насушно потребните реформи во судството треба да се започнат со основните постулати во кривичното законодавство, а тоа е правилото на res judicata – односно ЗАБРАНА ДА СЕ СУДИ ЗА ВЕЌЕ ПРЕСУДЕНА РАБОТА.

Со почит, Центар за комуникации на Комитет за заштита на правата