(ФОТО) Ловџии се пофалија дека направиле МАСАКАР на јастреби!

0
2274

На социјални мрежи кружи фотографија од ловџии со застрелани јастреби, која разбесни граѓните.

Според коментари станува збор за фотографија направена помеѓу Тетово и Скопје.

Од Здружението за заштита на бувовите МОТ велат дека „благодарение на информациите кои ги добивме од вас откриени се идентитетите на скоро сите учесници во ‘масакрот’. Нивните имиња и презимиња ги имавме дури половина час по нашата објава. Веднаш пративме уредна Пријава до сите релевантни Министерства и Инспекторати“.