(ВИДЕО)„Заслужуваме подобро“: Државата да инвестира во младите, а не во фонтаните!

0
978

slika(4)

Поголемиот дел од нас, младите, се невработени. Повеќето бараме работа подолго од една година. Тешко може да замислиме да живееме одвоено од родителите, а речиси е невозможно да заработиме за сопствено возило или стан. Немаштијата и потрагата по работно место ни ги спуштија критериумите за достојност. Повеќето од нас се подготвени да работат и за само 10.000 денари месечно.
Можна ли е финансиска независност со овие пари?

Ова е дел од кампањата на платформата „Заслужуваме подобро“.

Во кладилница или во странство – таму ја гледаме својата шанса. Турнати во ќош, почнавме да губиме доверба во државата, но и во себе. Сто илјади млади веќе се иселија,  а секој втор сака да си оди за да може да си обезбеди подобар живот.